Со резолуцијата им се оддава почит на 8.000 Бошњаци, жртви на геноцидот, жртви а геноцидот извршен од српските сили на 11 јули 1995 година / Photo: AA

Конечниот предлог на Резолуцијата за Сребреница е доставен до претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации.

Оваа информација на својот Х профил ја потврди и амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

„После неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „преку-регионалната основна група“, отиде до претседателот на Генералното собрание на ОН и сите постојани мисии во ОН.“, напиша Лагумџија.

Резолуцијата потсетува дека илјадници бошњачки мажи и момчиња кои барале заштита од Заштитните сили на Обединетите нации биле убиени.

„Во исто време, приближно 30.000 жени, деца и стари лица беа насилно протерани во голема операција за етничко чистење. Така, овој настан стана најтешкото воено злосторство во Европа од крајот на Втората светска војна. Одбележувањето на геноцидот во Сребреница и солидарноста со жртвите се клучни за подобра иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина, како и за зајакнување на историската свест дека таквите страшни злосторства никогаш не смеат да се повторат“, се заклучува во резолуцијата.

Со резолуцијата им се оддава почит на 8.000 Бошњаци, жртви на геноцидот, жртви а геноцидот извршен од српските сили на 11 јули 1995 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни