Во декември 11 пратеници, кои ја напуштија СИРИЗА еден месец претходно, формираа посебна пратеничка група Нова левица / Photo: Reuters

Најголемата грчка опозициска партија СИРИЗА продолжува да ја губи популарноста, покажува истражувањето на јавното мислење објавено во понеделникот.

Анкетата спроведена од агенцијата „Алко“ покажа дека СИРИЗА го држи третото место со 11,8 отсто поддршка, по социјалдемократската опозициска партија ПАСОК, со 12,2 отсто и владејачката конзервативна Неа демократија (НД), која води со 30,3 отсто.

Според анкетата, Грчката комунистичка партија (ККЕ), најголемата православна марксистичко-ленинистичка партија во земјата, го зголеми својот рејтинг на 9,7 отсто.

Катерина Папанациу, која во владата предводена од тогашниот лидер Алексис Ципрас беше заменик министер за финансии од 2016 до 2019 година, најави заминување од СИРИЗА.

Исто така, на 5 декември 2023 година, 11 пратеници, меѓу кои и поранешни министри кои ја напуштија СИРИЗА еден месец претходно, формираа посебна пратеничка група Нова левица откако го обвинија лидерот Стефанос Каселакис дека ја води партијата на недемократски начин.

СИРИЗА е основана во 2004 година како политичка коалиција на левичарски и радикални леви партии, а како политичка партија е регистрирана во 2012 година.

СИРИЗА е втората по големина партија во грчкиот парламент.

Каселакис дојде на чело на партијата дојде откако Сириза претрпе два тешки порази на изборите лани од Неа демократиа, поради што нејзиниот тогашен лидер Ципрас, поднесе оставка по 15 години на чело на партијата.

AA
Популарни