Ако ниту една партија не освои доволно мнозинство или не биде составена коалициска влада Грција ќе треба да оди на нови избори / Photo: AA

Во атмосфера на зголемени животни трошоци кои влијаат на многу грчки домаќинства во Грција утре (недела) ќе се држат општите избори. Околу 36 партии и коалиции се борат за 300 места во парламентот.

Истражувањата на јавното мислење, сепак, покажуваат дека само шест партии ќе го поминат изборниот праг од 3 отсто и ќе влезат во парламентот. Десничарската партија Нова демократија, предводена од актуелниот премиер Крјакос Мицотакис, се смета за фаворит според многу истражувања.

Главната опозициска социјалистичка партија СИРИЗА-ПС, предводена од Алексис Ципрас се очекува да биде втора партија по големина.

Социјалдемократската партија ПАСОК-КИНАЛ на Никос Андрулакис се очекува да биде трета, но и клучна доколку треба да се прави коалициска влада.

Популистичката, екстремно десничарска грчка партија решение, предводена од Киријакос Велопулос, се очекува да добие места во парламентот. Да влезе во парламентот исто така се очекува и Социјалистичката партија МеРА25, предводена од поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Исто така, Грчката комунистичка партија, една од најстарите и најсилните комунистички партии во Европа, предводена од Димитрис Куцумпас, се очекува да има свои претставници во законодавниот дом.

Според изборниот закон на земјата, изборните единици заземаат 288 од 300 места во парламентот. Останатите 12 места се избираат на национално ниво преку пропорционална застапеност на партиски листи. За парламентарно мнозинство се потребни најмалку 151 пратеник.

Двете варијанти за кои се зборува во Грција се коалициска влада или нови избори во Јули. За разлика од претходниот изборен модел кога на победничката политичка партија и се доделуваа бонус 50 пратенички места тоа сега нема да биде случај. Затоа на победничката партија и е потребно големо мнозинство или коалиција за формирање влада.

Последните податоци на грчкото Министерство за внатрешни работи откриваат дека вкупниот број гласачи во земјата е над 9,8 милиони. Околу 23.000 грчки иселеници кои живеат во 69 различни земји се пријавиле за гласање на изборите.

TRT Balkan / агенции
Популарни