Пожарите од островите стигнаа до предградијата на Атина / Photo: AA

Шумските пожари денес стигнаа до предградијата на Атина. Силниот ветер предизвика ширење на пожарите низ Грција, а имаше и прекини во сообраќајот на автопатот и железничкиот сообраќај.

Пожарите се активни низ Грција веќе две недели. Пет лица загинаа, а се урнаа два канадера. Поради пожарот, за време на викендот илјадници туристи беа евакуирани од островот Родос.

Хеликоптери од воздух и пожарникари од земја го изгаснаа пожарот утринава во Кифисија, северно од Атина. Пожарот брзо е изгаснат.

Во близина на Волос избувна пожар во две области, затворајќи дел од најпрометниот автопат во Грција на неколку часа, додека услугите на националната железница што минува низ тоа подрачје се запрени.

Пожарникарите веќе десетти ден се борат со пожарот на Родос, а активен е пожарот и на островот Евија.

Во Атина, високи претставници им оддадоа почест на двајцата пилоти што загинаа при падот на канадерот оваа недела.

TRT Balkan / агенции
Популарни