Сириза повеќе не е главната опозициска група во парламентот, бидејќи е заменета со социјалистичкиот ПАСОК / Photo: Sokratis Famellos Facebook

Поранешната владејачка партија во Грција, Сириза, за нов лидер го избра Сократис Фамелос, кој освои речиси 50 отсто од гласовите на членовите на партијата.

На Фамелос во неделата му се спротивставија двајца кандидати, но Павлос Полакис се повлече од трката, откако освои 43 отсто од гласовите, пренесува АП.

Како што се наведува, популарноста на левичарската Сириза опаѓа, од 35 отсто од гласовите што таа партија ги имаше кога влезе во коалициската влада во 2015 година, на 31 отсто во 2019 година, а на европските избори во јуни оваа партија освои само 19 отсто гласови.

Неодамнешните анкети на јавното мислење покажуваат дека поддршката на партијата паѓа на едноцифрена, како и дека Сириза повеќе не е главната опозициска група во парламентот, бидејќи е заменета со социјалистичкиот ПАСОК.

На претходниот лидер на Сириза, бизнисменот Стефанос Каселакис, во септември му беше изгласана недоверба, а за време на викендот најави формирање на нова партија - Движење за демократија.

TRT Balkan / агенции
Популарни