Париз склучи големи зделки, вклучувајќи 24 воени авиони Рафал и ФДИ фрегати, заедно со развиени ракети и системи за електронско војување.

Грција се издвојува на глобално ниво со екстремно високите воени трошоци и амбициозната програма за вооружување и во време на вртоглавото зголемување на цените на енергијата и сериозниот пад на европската економија.

Трошоците за одбрана во однос на бруто домашниот производ (БДП) на земјата се зголемија на 3,76% заклучно со 2022 година - од 2,45% во 2019 година - кога конзервативната влада на Нова демократија (НД) ја презеде власта од левичарската Сириза. Овој процрнт на трошоци за одбрана е повисок дури и од САД.

Следствено, трошоците за одбрана на Грција се искачија на околу 8,4 милијарди долари во 2022 година, од 5 милијарди долари во 2019 година, што укажува на неверојатен пораст од над 60%.

Односно, трошоците за одбрана на Грција по лице изнесуваат неверојатни 730 долари од 2022 година. Споредено, уделот на трошоците за одбрана во споредба со БДП на Туркије се прогнозира да биде околу 1,22%. Тоа значи дека трошоците за одбрана во Туркије по лице се само 166 долари.

Она што е забележливо е дека над 45 отсто од огромниот буџет за одбрана на Атина се распределува за нови набавки на оружје.

Франција жнее големи добивки

Франција, традиционален доставувач на оружје за Атина, има најголема корист од забрзаната желба на Грција за вооружување, според базата на податоци за трансфери на оружје на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот.

Париз склучи големи зделки, вклучувајќи 24 воени авиони Рафал и ФДИ фрегати, заедно со развиени ракети и системи за електронско војување.

Цената на овие две зделки се проценува на околу 6 милијарди долари.

Вашингтон, на кој Атина му обезбеди пристап до бројни воени објекти преку ажурирањето на Договорот за соработка во областа на одбраната во 2019 и 2021 година, неодамна го забрза трансферот на огромно количество оружје.

Во тек е трансфер на 1.200 оклопни возила М-117, 10 товарни хеликоптери CH-47D и 60 разузнавачки/борбени хеликоптери ОХ-58Д.

Во септември, САД, исто така, го испорачаа првиот пар од 83 Ф-16 на земјата, кои ќе бидат додадени во конфигурацијата на Вајпер, како дел од договорот вреден 1,5 милијарди долари.

Освен тоа, според Стејт департментот на САД, Грција, исто така, изразила голем интерес за приклучување кон програмата Ф-35, како и идни набавки на беспилотни воздушни системи MQ-9, AH-64E Апачи, како и надградби на нивните системи М-270 МЛРС и патриот.

Израел обучува пилоти

Израел е уште еден голем корисник на желбата на Грција за зголемено вооружуваее. Освен обуката на пилоти за грчките воздухопловни сили како дел од зделката вредна 1,7 милијарди долари, потпишани се и договори за набавка на неодреден број ракети „Спајк-НЛОС“ за 370 милиони американски долари и закуп на четири беспилотни летала Херон.

Во истиот период, Германија се согласи да продаде 44 тешки торпеда DM2A4 по цена од 110 милиони долари за грчки подморници, а Велика Британија продаде 2 брзи јуришни летала од типот Вита за 300 милиони долари.

Шпанија, која продаде пет беспилотни летала Алфа-900, и Италија, која испорача поморска артилерија од 76 мм, се други западни снабдувачи на оружје за Атина.

Русија е можеби најизненадувачкиот извозник на оружје на оваа листа. Во 2019 година и обезбеди на Грција четири системи за воздушна одбрана СА-15.

Намалени финансии

Бидејќи земјата троши десетици милијарди долари на воени трошоци, нејзината економија е далеку од добрата форма како што тврди владата.

Според податоците на ОЕЦД, соодносот на државниот долг на Грција во однос на БДП е 222 отсто заклучно со 2021 година, што е највисок меѓу земјите на ОЕЦД, по Јапонија.

Грчката статистичка управа ја потврдува влошената состојба на грчките јавни финансии. Според тоа, номиналниот долг на грчката влада, заклучно со првиот квартал од 2022 година, надмина 357 милијарди долари.

Земјата, исто така, забележа рекордна годишна инфлација од 12%, што е највисока во последните три децении.

Додека цените на природниот гас во Грција достигнаа рекордно високо ниво со годишен пораст од 332%, авиосообраќајот забележа пораст од 58,7%, следен од електричната енергија со 30,5%.

Во меѓувреме, влошениот квалитет на јавните финансии и зголемената инфлација, заедно со огромните воени трошоци, доведоа до пад на квалитетот на животот на луѓето што живеат во земјата.

Според неодамнешните статистики, над 28% од грчкото население живее во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, додека речиси 30% се соочува со материјални недостатоци.

AA
Популарни