Хотелиерите и изнајмувачите на вили, апартмани, студија и соби се обврзани да ја наплатуваат таксата од 1 јануари годинава / Photo: Reuters

Грција нa туристите им воведе такси за отпорност на климата, кои ќе ги заменат досегашните поевтини туристички такси.

Официјална Атина се одлучила на овој чекор за „да ги зголеми приходите, но и да го заштити културното наследство од прекумерен туризам или подобро да управува со бројот на туристи“, пишуваат локалните медиуми.

Хотелите, собите, студијата и апартманите со една или две ѕвезди ќе наплаќаат такса од две евра по сместувачка единица дневно, што е за 50 центи повеќе од претходната туристичка такса.

Дневниот надоместок по сместувачка единица за хотели и апартмани со три ѕвезди ќе биде пет евра (наместо претходните три).

Десет евра ќе се наплаќаат како дневен данок за сместување со во хотели со четири ѕвезди (седум досега), а 15 евра по единица за 24 часа во хотели со пет ѕвезди.

Надоместокот ќе биде петнаесет евра дневно во изнајмени вили поголеми од 80 метри квадратни, додека во помалите дневницата е осум.

Надоместокот за отпорност на климата, како и таксата за сместување, се наплаќа посебно за гостите во повеќето хотели и сместувачки комплекси и не е вклучена во цената на престојот.

Хотелиерите и изнајмувачите на вили, апартмани, студија и соби се обврзани да ја наплатуваат таксата од 1 јануари годинава.

TRT Balkan / агенции
Популарни