Хакан Фидан во посета на Албанија, Бугарија и Романија / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, вчера ја започна својата четиридневна посета на Албанија, Бугарија и Романија.

Шефот на турската дипломатија, Фидан, посетата ја започна од Албанија, каде се состанува со официјалните лица на земјата.

Според официјалните најави, Фидан ќе се состане со своите колеги, за да разговара за билатералните односи, како и за актуелните регионални и глобални случувања, најавија дипломатските извори.

За време на посетата, шефот на турската дипломатија ќе се состане и со турските бизнисмени и претставници на турските заедници во овие земји.

AA
Популарни