Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствувал на пожар вo шума во атарот на струшкото село Делогожди, информираа од МВР.
Хеликоптерот исфрлил над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.
TRT Balkan / агенции