Во тек е обдукција која ќе даде одговори како точно починало бебето / Photo: AA

Млада мајка во Хрватска е уапсена под сомнение дека го убила своето новороденче.

Телото го пронашол член на семејството кој за се ја известил полицијата. Во тек е истрага.

Полициска службеничка за односи со јавност на ПУ Крапина-Загорје, Маријана Музар, за Хина потврдила дека завршиле кривична истрага за пронаоѓање на телото на новороденче во месноста Свето Криж Зачретје на 29 јуни.

На местото на инцидентот спроведена е истрага, предводена од заменик жупанискиот државен правобранител во Загреб, во соработка со полициски службеници на ПУ Крапина-Загорска. По извршениот преглед, телото на новороденчето е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика.

Поради сомнение за тешко убиство, полицијата ја привела 22-годишната жена, ја предала на надзорникот на притворот и против неа до надлежен полномошник поднела кривична пријава.

„Имајќи ја предвид заштитата и благосостојбата на семејството, не можеме да изнесеме повеќе детали од спроведените криминални истраги“, соопштија од полицијата.

Во тек е обдукција која ќе даде одговори како точно починало бебето.

Неофицијално, медиумите пренесуваат дека на телото на новороденчето имало траги од давење и исекотини.

TRT Balkan / агенции
Популарни