Последниот попис во Албанија е направен пред 13 години / Photo: Reuters

Во Албанија живеат 2.402.113 милиони жители,објави денеска институтот за статистика на оваа земја ИНСТАТ. Според податоците на ИНСТАТ бројот на населението во земјата за 13 години се намалил за 409.864. Во 2011 година биле попишани 3.069.275 жители.

Според пописните резултати во Бугарија живеат 2.281 Македонец и 7.957 Бугари. Пред 13 години како Македонци во Албанија се изјасниле 5.512 граѓани.Ваквите пописни резултати беа причина за реакција на Партијата на Македонците, Mакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Од партијата велат дека не го признаваат пописот и сметаат дека податоците не се точни и најавуваат иницијатива за истрага од страна на надлежните органи. Од МАЕИ велат дека ваквите бројки се резултат на притисоците за време на пописот од страна на бугарскуте дравни институции.

“Пред почетокот на пописот, но и за време на пописот на подрачјето на Преспа, Гора и Голобрдо, каде што живее македонското малцинство, дојдоа претставници на бугарските институции, кои донираа разни помагала, но направија и пропаганда за жителите да се изјаснат како Бугари, за што ќе бидат обезбедени со бугарски пасоши. Луѓето од македонската заедница, кои аплицирале за бугарски пасоши и се во процес на вадење пасош и пред почетокот на пописот и за време на пописот, биле контактирани од Бугарската амбасада и посредниците за пасоши за да се изјаснат како Бугари на пописот, со закана дека во спротивно нема да ги добијат пасошите”, изјави Васил Стојковски претседател на МАЕИ.

Меѓу попишаните жители на Албанија има и 23.485 Грци, 12.375 Египќани, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Срби, 511 Црногорци.

TRT Balkan / агенции
Популарни