Италија отвора два миграциски центра во Албанија / Photo: AA

Италија синоќа ги објави плановите за отворање два миграциски центра во Албанија за околу 36.000 нерегуларни мигранти годишно.

Целта на овој проект е подобро менаџирање со нерегуларните миграциски текови во земјата, нагласи премиерката Џорџа Мелони, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, кој престојуваше во посета на земјата, откако двете земји го потпишаа договорот.

Центрите, планирано да започнат со работа до пролетта 2024 година, ќе подлежат на италијанска јурисдикција, додека Албанија ќе биде одговорна за нивниот надворешен надзор, додаде италијанската премиерка, истакнувајќи дека во нив ќе бидат сместени малолетници, бремени жени и поединци од ранливи категории.

„Овој договор е од европски делокруг и покажува дека е можно да се соработува во справувањето со (миграциските) тековите. Албанија се потврди како пријателска земја и иако сè уште не е дел од Унијата, таа се однесува како да е земја членка“, рече Мелони.

Според државната новинска агенција АНСА, договорот не се однесува на мигрантите што пристигнуваат на италијанските брегови и територија, туку на оние што се спасени во Средоземното Море од италијанските бродови.

Италија ќе раководи со процедурите за носење и идентификација и ќе воспостави примарен центар за прием и скрининг во северниот албански пристаништен град Шенѓин. Дополнително, ќе се формира уште еден центар во градот Ѓадер за понатамошните процедури.

TRT Balkan / агенции
Популарни