Државната изборна комисија околу 21 часот ќе ги објави првите прелиминарни резултати од изборите / Photo: AA

По затворањето на гласачките места на парламентарните избори во Хрватска во 19 часот, објавени се првите излезни анкети, според кои владеачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освоила најмногу гласови.

Според првите излезни анкети, ХДЗ и нејзините партнери освоиле 58 мандати, додека СДП и нејзините партнери, односно коалицијата Реки на правдата, освоиле 44 мандати.

Движењето Татковина и партнерите освоија 13 мандати, Можеме и партнерите 11 мандати, Мост и партнерите девет мандати, Независната платформа Север освоија два мандата, како и ИДС и партнерите, додека Фокус еден мандат.

Државната изборна комисија (ДИК) околу 21 часот ќе ги објави првите прелиминарни резултати од изборите.

Во Хрватска денеска се одржаа парламентарни избори на кои повеќе од 3,7 милиони гласачи одлучија кои претставници ќе ги претставуваат во следните четири години и кои ќе добијат шанса да формираат нова влада и да управуваат со земјата.

AA
Популарни