Кабинет на претседателката: Стигна писмена оставка од амбасадорот Фрчкоски

Од Кабинетот на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за МИА потврдуваат дека е стигната писмената оставка од Љубомир Фрчкоски, кој ја извршуваше функцијата амбасадор и постојан претставник во Обединетите нации.

Оставката, како што објавија дел од медиумите, е доставена и до Министерството за надворешни работи.

Фрчкоски на амбасадорката позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година. Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски

TRT Balkan / агенции
Популарни