Важно се гради. Ова е реченицата која преовладува во јавноста кога е во прашање експанзијата на градежништвото, но освен што се гради, експертите велат дека е важно и како се гради и кој ја гарантира сигурноста на градежните објекти.
„За да да градиме безбедно објекти мора сите учесници во градбата, а тоа се многу, почнувајќи од инвеститорот, преку проектантот, ревидентот, надзорниот инжинер, изведувачот, одржувачот, оној што е задолжен за одржување на објектот, да имаат знаење, да поседуваат одговорност и да поседуваат свест и совест за тоа што би донело нивното несоодветно однесување во она што го работат“, вели во интервјуто за ТРТ Балкан деканот на Градежниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Горан Марковски.
Стручната јавност потенцира дека освен што е важно квалитетно да се гради, важно е и да се воспостави и соодветен систем на одржување на градежните објекти.
Во однос на реконструкција на градежните објекти, проф. др. Марковски потсетува дека „ваквите активности започнуваат со такнаречен проект на моментална состојба на објектот, а на тоа претходи истражна дејност да се испита се што е направено на објектот, во каква состојба се материјалите одредени детали и тн и секако проектна документација.“
„Проценка на состојбата на проектот и носење заклучок дали треба да се преземе нешто или не се забележани никакви случувања, никакви промени, коишто би воделе кон некакви катастрофи. Оттаму, од редовното одржување е всушност основна работа за која што мораме да сфатиме дека е неопходна за ваквиот тип конструкции. Најчесто, се заборава на одржувањето, објектите ќе се направат, ќе се изведат и се препуштаат на природата. Тоа е недозволиво. Нема предмет околу нас, ако го оставиме без одржување ќе опстои долго време. Најмалку конструкции коишто се изложени на разно разни дејства и од којшто зависат животите и функционирањето на општеството“, појаснува Марковски.
Понатаму, тој потенцира дека редовното одржување е всушност основна и неопходна работа за конструкции од витално значење за општеството во целина. „Најчесто, се заборава на одржувањето, објектите ќе се направат, ќе се изведат и се препуштаат на природата. Тоа е недозволиво. Нема предмет околу нас, кој, ако го оставиме без одржување ќе опстои долго време. Најмалку конструкции коишто се изложени на разно разни дејства и од којшто зависат животите и функционирањето на општеството“, вели Марковски и нагласува:
„Има помалку ризични објекти, во нив престојуваат помал број на луѓе, но има објекти коишто се поризични во кои престојуваат многу луѓе во еден момент, како што се стадиони, спорски сали, железнички, автобуски станици, брани мостови и слично...“
Според неговото мислење, она што недостасува во земјата и регионот на Балканот е свеста за потребата од редовно и квалитетно одржување и контрола на состојбата на објектите.
„Состојбите (со градежништвото) се многу слични во сите земји на Балканот. Впрочем, ние произлегуваме од многу слична ментална матрица, од една бивша заедничка држава во која работите биле подеднакви насекаде, произлегуваме од еднакви или слични школи.нормално е да се очекува, поминувајќи низ процесот на транзиција заедно нормално е да се очекува дека состојбите ќе бидат слични“, оценува Марковски.
Тој истакнува дека на она на што треба да се делува е да се цени инжинерскиот труд и знаење, да се поттикнуваат инжинерите да го усовршуваат своето знаење во текот на профеисоналниот живот.
„Не треба да се притискаат инженерите ременски за кусо време да ги завршуваат работите на проектирање и изведба затоа што брзината и квалитетното градежништво не одат заедно“, заклучува Марковски во интервјуто за ТРТ Балкан.