Во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, најпопуларен странски лидер е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган / Photo: AA

Истражувањето спроведено во земјите од Западен Балкан- Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово покажа дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е лидерот кој најмногу го ценат граѓаните од регионот.

Регионалната анкета ја спроведе Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а на граѓаните им беа поставени прашањата „Кое е најважното прашање со кое се соочува вашата земја денес?“, „Кое прашање треба да биде главен приоритет на Владата во вашата земја?“. , и „За кој од споменатите светски и регионални лидери имате позитивно мислење?

Мнозинството граѓани кои учествуваа во анкетата изјавија дека најважните проблеми со кои се соочува нивната земја и најважен приоритет што треба да ги реши Владата се „економските услови и трошоците за живот“.

Кога станува збор за странски лидери, во четири земји, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, најпопуларен странски лидер е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека во Косово и Србија тој е меѓу тројцата најпопуларни странски лидери.

Во Албанија, 71 отсто од анкетираните граѓани изјавиле дека имаат позитивно мислење за претседателот Ердоган, на второ место е американскиот претседател Џо Бајден со 64 отсто, а на третото место е кинескиот претседател Кси Џинпинг со 14 отсто.

Во Босна и Херцеговина, 61 отсто од учесниците во истражувањето се изјасниле дека имаат позитивно мислење за Ердоган, додека рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Бајден и кинескиот претседател Кси останале на по 37 отсто.

Во Црна Гора, Ердоган е на прво место со 56 отсто, Путин на второ место со 50 отсто, а Кси на трето место со 46 отсто.

Во Северна Македонија, Ердоган повторно излезе на врвот како најпочитуван лидер со 66 отсто, следен од Путин со 49 отсто, Бајден со 37 отсто и Кси со 35 отсто.

Најпопуларен странски лидер во Србија е Путин со 80 отсто, Кси е на второ место со 73 отсто, а претседателот Ердоган е трет со 41 отсто.

Во Косово Бајден е на прво место на листата на лидери со 85 отсто, додека Ердоган е на второ место со 82 отсто.

Во истражувањето учествувале 1.216 лица од Албанија, 1.225 од Босна и Херцеговина, 1.220 од Северна Македонија, 1.036 од Црна Гора, 1.238 од Србија и 1.203 од Косово.

AA
Популарни