Пасошот на Северна Македонија е на 36 место, чии граѓани без виза можат да патуваат во 130 земји, а Црногорскиот и турскиот пасош се на 37 место, а со нив без виза може да се патува во 129 земји / Photo: Screenshot Passport index

Пасошот на Обединетите Арапски Емирати е најмоќната патна исправа во светот, покажува анализата на интернет страницата Паспорт Индекс (Passport Index) која редовно објавува листа на најмоќните пасоши во светот.

Паспрот Индекс ги рангира пасошите на 199 држави, а во топ десет се неколку земји од регионот.

Оние кои имаат пасош од ОАЕ можат да патуваат во 180 земји низ светот без виза. Иако е на прво место, пасошот на ОАЕ е послаб во однос на минатогодишното рангирање, бидејќи една држава годинава вовела визи за граѓаните на Емирати.

Второто место, со можност за патување во 178 земји без виза, го делат пет земји- Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.

На третото место се исто така пет држави кои без виза може да патуваат 177 земјиа, а тоа сеШведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија.

Шест земји се на четвртото место- Данска, Белгија, Португалија, Полска, Ирска и Јужна Кореја, а оние кои ги поседуваат овие пасоши можат без виза да патуваат во 176 земји.

Петтото место го делат осум земји. Оние кои имаат пасош на Сингапур, Грција, Норвешка, Чешка, ОК, Унгарија, Јапонија и Нов Зеланд можат да патуваат во 175 земји низ светот без виза.

На шестото место се три пасоши- на Словачка, САД и Австралија со кои може да се патува во 174 земји без виза.

Словенија го дели седмото место со Малта, Естонија, Литванија и Канада, а нивните граѓани можат да патуваат без виза во 173 земји.

На осмото место е Хрватска, во групата со Летонија, Исланд и Лихтенштајн. Со овие пасоши можат да се посетат 172 земји без виза.

Бугарскиот, романскиот и кипарскиот пасош се на деветтото место кое на граѓаните на овие држави им овозможува без виза можат да влезат во 171 земја.

Листата на топ десет завршува со пасошот на Малезија за кој без виза се отворени вратите на 170 држави држави.

Македонските граѓани без виза можат да патуваат во 130 држави

Од останатите држави од регионот, насилен е пасошот на Србија на 32. место, а со него без виза може да се патува во 137 земји.

Пасошот на Северна Македонија е на 36 место, чии граѓани без виза можат да патуваат во 130 земји.

Црногорскиот пасош е на 37 место, а со нив без виза може да се патува во 129 земји.

Албанскиот пасош е на 43. позиција со можност за патување без виза во 122 држави, а место подолу е пасошот на Босна и Херцеговина, а оние кои го поседуваат можат без виза да посетат 121 земја.

Граѓаните на Косово без виза може да патуваат во 57 држави, што го става нивниот пасош на 86. позиција.

Според Паспорт Индекс, најслаб е пасошот на Сирија, на 98 место, чии граѓани може да патуваат без виза во 40 држави во светот, додека пасошите на Авганистан и Ирак се рангирани на 97 и 96 позиција, или патување без виза во 41 односно 43 држави во светот.


TRT Balkan / агенции
Популарни