Првиот круг од изборите треба да се одржат на 22 или 29 декември, а во игра се десет кандидати покрај актуелниот претседател Зоран Милановиќ и кандидатот на ХДЗ Драган Приморац / Photo: Mislav Kolakusic Facebook

Претседателот на хрватската партија Право и Правда (ПиП), Мислав Колакушиќ, официјално ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска и изјави дека Хрватска мора да премине на претседателски систем на владеење и да стане претседателска демократија.

Колакушиќ тврди дека сите претходни влади во Хрватска „се засновале на мито, корупција, лицемерие, жетони и слично“.

Тој потсети дека на последните избори се залагаше за она што сега го заговара, а тоа е дека Хрватска мора да премине на претседателски систем на владеење.

„Хрватска мора да стане претседателска демократија затоа што тоа е единствениот начин граѓаните да изберат кој ќе управува со земјата во нивно име. Алтернативата е премиерот Андреј Пленковиќ, кој има повеќе од 80 проценти од министрите уапсени за криминал и корупција“, изјави Колакушиќ.

Тој рече дека е неприфатливо „коруптивна банда“ да владее со 30 проценти од гласовите.

Колакушиќ најави дека доколку стане претседател, во Хрватска ќе се одржи референдум не само за ова, туку и за многу други прашања.

Првиот круг од претседателските избори во Хрватска треба да се одржат на 22 или 29 декември, а премиерот Андреј Пленковиќ вчера не сакаше да го открие точниот датум.

Во моментов, во игра се десет кандидати. Покрај актуелниот претседател Зоран Милановиќ и кандидатот на ХДЗ Драган Приморц, меѓу посериозните претенденти за Пантовчак се актуелната пратеничка и независен кандидат Марија Селак Распудиќ, Ивана Кекин од Можеме! и Миро Буљ од Мост.


TRT Balkan / агенции
Популарни