Во сите шест земји од Западен Балкан во последните десетина година има голем раст на бројот на корисници на интернет, особено во категоријата на корисници кои секојдневно се закачуваат на глобалната мрежа.
Во првите години од минатата деценија, бројот на дневни корисници на интернет во земјите од регионот се движел од 25 до 40%, па така до 2022 година има повеќе од двојно нови дневни корисници и пристап до широкораспространет интернет.
Македонските корисници дневно се приклучуваат на интернет многу често, односно според анкетата тоа го прават 80.5% од граѓаните на возраст меѓу 16 и 74 години, а исто така во последните три месеци барем еднаш на интернет се приклучиле 86.4% од корисниците.
Најмногу дневни корисници на интернет има во Косово, и тоа 92.% од граѓаните меѓу 16-74 години секој ден користат интернет услуги. Косово е и над просекот во Европската Унија кога е во прашање оваа категорија. На ниво на земји членки на ЕУ дневно 84% од граѓаните користат интернет.
Во Косово 95.6 од оваа категорија на корисници се поврзале на интернет во последните три месеци, што повторно е над европскиот просек од 90%.
Високо котираат и српските корисници на интернет. Србија е и земјата со најголем раст во последните години со бројот на нови корисници кои дневно имаат пристап до интернет услуги (81.5%). Исто така во Србија најмалку еднаш во последните три месеци на интернет се приклучиле 83.5 од граѓаните.
Црна Гора бележи одлични резултати во пробивот на интернет пристапот. 85% од граѓаните на возраст од 16 до 74 години на дневна основа се поврзани на интернет, а 88.2% од граѓаните најмалку еднаш се приклучиле во киберпросторот во последните три месеци. Податоците на Евростат покажуваат дека во Албанија 72,8 отсто од граѓаните се приклучуваат на интернет на дневно ниво. Најмалку дневни корисници на дневно ниво според европската агенција за статистика има Босна и Херцеговина, односно 71,4% од граѓаните.