Од утрово припадници на КФОР се стационирани пред зградите во општините на север.      Фото: АП

Косовската полиција соопшти дека утринава дошло до немир во Звечан за време на протестот на српските граѓани.

Како што се наведува, на северот од земјава денеска е најавено дека ќе се одржи протест, како и дека граѓаните имаат право на мирни протести.

„Демонстрантите организирано се собраа пред зградите на општините на северот на Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан на протест, но пред општинската зграда во Звечан беа насилни и со фрлање солзавец се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон и насилно да влезат во општинската зграда. Полицијата беше принудена да употреби легални средства како спреј за да ги спречи демонстрантите и да ја стави ситуацијата под контрола“, соопштија од полицијата.

Од утрово припадници на КФОР се стационирани пред зградите во општините на север.

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Џефри Ховениер закажа средба со новите градоначалници на општините од северот во Приштина.


AA
Популарни