Досегашниот македонски премиер Димитар Ковачевски денеска му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Талат Џафери.
Техничката влада која ќе ја предводи Џафери ќе има мандат од 100 дена, односно до објавувањето од страна на Државната изборна комисија на резултатите од парламентарните избори кои ќе се одржат на осми мај.
Ковачевски на заедничката прес-конференција во владата по примпоредавањето на функцијата рече дека со досегашната работа Северна Македонија во 2030 година треба да стане земја членка на ЕУ. Тој истакна дека денес е време за меѓусебна поддршка за заедничка работа, како и за државен одоговор не за дали туку за тоа колку брзо ќе се движиме кон ЕУ.
“Искуството ни покажа дека обединети можеме да го изодиме правиот и вистинскиот пат и да се постигнат сите цели, базирани на вредности и принципи. Денес е друго време, денес не е време на поделби, денес е време на заедништво, денес е подобро време, време во кое се слушаат аргументите, време во кое заробеното минато е историја, кога никој не треба да шепоти и да се крие за да го каже своет мислење. Европската коалиција и во оваа Влада ќе биде столб на европската сегашност и на европската иднина на сите граѓани”, нагласи Ковачевски.
Премиерот на преодната Влада Талат Џафери порача дека со Ковачевски се согласиле за примарните прашања кои ќе бидат во фокусот на Владата која ќе ја предводи. Уставот и законите ќе бидат основа на која ќе ја базира секоја одлука на Владата, и ќе продолжи со успешно спороведување на политиките на владината коалиција. Тој уверува дека преодната Влада ќе работи транспаретно и отечно во интерес и благосостојба на граѓаните.
“Без оглед колку ќе трае оваа Влада ве уверувам дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање, соработка и инклузивност во работата на Владата обезбедувајќи секој сегмент и Министерство да бидат транспарентни, отчетни и над се ефикасни во служба на граѓаните. Ние може да бидеме од различни провиненции во овој владин состав, но има нешто што не се менува, ние сме таму благодарение на вас, вашиот легитимитет и штитење на вашите интереси, создавање на благосостојба на граѓаните”, изјави Џафери.
Тој истакна дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието на изборите. И затоа како што рече Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со Мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и изборите со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните.