Куртулмуш: Целта ни е да го развиеме пријателството со сите балкански земји / Photo: AA

Претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, кој престојува во тридневна посета на Северна Македонија, изјави дека основната филозофија на Туркије во врска со Балканот е да го гарантира, промовира и сочува мирот и стабилноста“.

Претседателот на турскиот парламент официјалната посета на Северна Макеоднија ја започна со средба со неговиот колега Африм Гаши, со кој потоа имаа заедничка прес-конференција.

„Нашата цел е раст и развој на пријателството со сите Балкански земји“, рече Куртулмуш.

Куртулмуш се осврна и на услугите што ги даваат Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) (ТИКА), Институтот „Јунус Емре“ и Фондацијата „Маариф“ во Северна Македонија, истакнувајќи дека овие организации со своите активности придонесуваат за развојот и подемот на земјата.

„Решавањето на споровите меѓу земјите од регионот преку преговори засновани на взаемна согласност е една од главните перспективи на Туркије“, рече Куртулмуш.

За побрз напредок на Балканот во развојните процеси, претседателот на турскиот парламент нагласи: „Како Туркије, подготвени сме да ги исполниме сите соседски и пријателски должности за да може земјите од Балканот да преземат побрзи чекори во своите развојни процеси.“ Претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши го искажа своето задоволство што има можност да го пречека во Скопје и да се состане со својот турски колега Нуман Куртулмуш.

Гаши рече дека оваа посета претставува континуитет на дијалогот и потврда за одличните односи меѓу двете земји, потенцирајќи дека оваа посета се совпаѓа со празникот на турската заедница во Северна Македонија 21 декември - Денот на образованието на Турците во земјава, при што упати честитки до припатниците на турската етничка заедница по повод наведениот празник. „Фокусот на оваа продуктивна средба беше развојот на меѓупарламентарна соработка која е клучен елемент во зајакнувањето на нашето непоколебливо стратешко партнерство.Интензивирањето на парламентарната соработка како пратеничките групи за пријателство така и преку заеднички проекти е од суштинско значење за унапредување на демократијата, стабилноста и мирот во регионот“, истакна Гаши. Тој додаде дека разговарале и за можностите за зајакнување на економската соработка, подобрување на инфрастуктурните врски и зголемување на инвестициите помеѓу двете земји.

„Туркије беше силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и останува важен партнер за модернизација и развој на нашите воени капацитети“, изјави Гаши на прес-конференцијата, додавајќи дека „Туркије е еден од најважните трговски партнери и инвеститори во Северна Македонија“. Претседателот на турскиот парламент Куртулмуш на состанокот го придружуваа заменик-претседателот на групата на АК Партијата, Бахадир Јенишехирлиоглу, претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије-Северна Македонија, и пратеникот од Бурса, Ахмет Килич, пратеник на АК Партијата од Ван, Кајхан Туркменоглу, пратеник на АК Партијата од Чорум, Јусуф Ахлатџи, заменик-претседателот на

Интерпарламентарната група за пријателство Туркије - Северна Македонија, пратеникот на ЏХП од Киркларели, Веџди Гундогду, пратеникот на МХП од Бурса, Февзи Зирхлиоглу, пратеник на партијата Саадет од Измир, Мустафа Билиџи и амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој.

По средбата со Гаши во законодавниот дом, Куртулмуш во текот на денот ќе учествува на програмата организирана по повод 21 Декември – 21 Декември Денот на наставата на турски јазик, празник на Турците во Северна Македонија.

TRT Balkan / агенции
Популарни