Македонските туристи се меѓу најбројните  / Photo: Reuters

Македонската амбасада во Тирана ги информира сите македонски граѓани кои планираат туристички да ја посетат Албанија и нејзиното крајбрежје во престојната летна сезона на броевите за итни случаи.

„И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни случаи на македонската амбасада во Тирана: (Global Sos): +355 6890 19198 (+Viber+Whatsapp) амбуланта 127, полиција 129, итна служба 112“, стои во соопштението на македонската амбасада во Тирана.

Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин.

Во просек годишно, главно во летната сезона одмараат над 300 илјади македонски граѓани.

MIA
Популарни