Меџити на средба со помошник-секретарот за енергетски ресурси на САД

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија Изет Меџити за време на официјалната посета на САД се сретна со американскиот помошник-секретар за енергетски ресурси Џефри Рос Пајат.

Како што соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање, Меџити информира дека на оваа средба, на која бил придружуван од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, се разговарало за состојбата со енергетските ресурси во земјава и долгорочните планови за инвестиции во овој витален економски сектор.

„На средбата разговаравме за енергетските ресурси во нашата земја, а посебно се фокусиравме на инвестициите што ги планираме за производство на електрична енергија од зелени извори. Една од нашите главни цели е да ја намалиме зависноста од увоз на енергија од други земји“, рече Меџити.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање изјави дека важна точка од разговорот со помошник-секретарот за енергетика на САД било вклучувањето на Северна Македонија во Трансанадолскиот (ТАНАП) и Транс-јадранскиот гасоводот (ТАП), како план за значително намалување на увозната зависност на енергија од странство, што според него, ќе придонесе за енергетска стабилност на земјата.

„Информирав и за долгорочниот план што нашата влада го составува во областа на енергетиката, за подобрување на квалитетот на воздухот и водите во државата. Посветеноста на зелената иднина останува наш приоритет“, изјави вицепремиерот Меџити по средбата.

TRT Balkan / агенции
Популарни