Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација, Сергеј Баздникин попладнево бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Според МНР, притоа му била врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Македонија.
Министерството претходно денеска најостро ги осуди денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.
Според МНР, при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија.
При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.
Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање.
Нападот врз Киев се случил рано наутро при што загинало едно лице, а повредени се 12. Нападот го оневмозжил системот за затоплување на 630 станбени згради, 16 болници и 30 училишта и градинки. Со нападот оштетени се 20 административни висококатници, како и на католичката црква „Св. Никола“ во центарот на Киев и Националниот јазичен универизтет.