Јавното радио и телевизија ЕРТ прикажа снимки од лизгање на земјиштето и поплавени полиња и патишта на Лимнос и Родос / Photo: Reuters

Две лица го загубија животот на грчкиот остров Лимнос, во Егејското Море, како последица на невремето што зафати голем дел од земјата и предизвика големи штети на островот Родос, соопштија властите.

Бурата Бора предизвика значителна штета на Родос, а патиштата, куќите и другите згради беа тешко оштетени.

Гувернерот на областа, Јоргос Хаџимаркос, изјави дека поради невремето, евакуација на населението е извршена во „особено тешки услови“.

Воведена е и забрана за возење автомобил во наредните 24 часа.

Јавното радио и телевизија ЕРТ прикажа снимки од лизгање на земјиштето и поплавени полиња и патишта на Лимнос и Родос.

На овие острови е испратена помош од Атина, во која учествувала и противпожарната единица.

Метеоролозите предупредуваат дека се можни обилни врнежи од снег, особено во северо-западниот дел на Грција и планинскиот регион Епир.

Цивилната заштита испрати предупредување до населението за можни обилни дождови и силен ветер во Тесалија, Атика и подрачјето на Атина.

TRT Balkan / агенции
Популарни