Невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што синоќа ја зафати Словенија предизвика најмногу проблеми на подрачјето на Љубљана, Марибор и Словењ Градец.
Невремето предизвика најмногу проблеми на подрачјето на Љубљана, каде што удрија стотици молњи.
Имено, Агенцијата за животна средина на Словенија евидентирала стотици удари од гром.
Пожарникарите од 76 противпожарни единици и Заводот за електростопанство, комуналните и претпријатијата за јавно осветлување имаа многу работа.
Поплавени се повеќе подруми, а ветрот корнеше покривите и уриваше дрвја и столбови.
Невремето во Централна и Северна Словенија беше проследено со обилни врнежи и силни налети на ветер. Најсилен дожд е измерен во Јелендол во траење од 30 минути, каде што наврнале 27 милиметри дожд.
Најсилен удар на ветер е измерен на хидролошката станица Бриње во Љубљана од Агенцијата за животна средина на Република Словенија, со брзина од 80 километри на час.
Силниот ветер собори голем број дрвја, некои паднаа врз паркирани возила, објекти и патишта, а ги оштетија и телекомуникациските и електродистрибутивните водови.
Ветерот урна и столбови за телекомуникации и јавно осветлување и оштети покриви на згради. Водата поплави и загрози одреден број објекти, а поплави и некои сообраќајници.
Град падна во Радље на Драва и Котље. Помеѓу стотиците удари од гром, три погодија згради.
Задарското подрачје во Хрватска синоќа беше погодено од невреме со силен ветер. Поради силните налети на ветрот недалеку од брегот се заринка едрилица, а од неа се спасени десет словенечки државјани.
Едрилицата била закотвена малку подалеку од брегот, но налетот на ветерот ја истуркал на брегот.
Сите десет члена на екипажот се спасени. Станува збор за словенечки државјани кои не се повредени.
Поради невремето задарските пожарникари имале осум интервенции.