Дваесет и девет години поминаа од ископувањето на „Тунелот на спасот“ преку кој илјадници граѓани се спасија во Сараево, град кој во тоа време беше под опсада.
Со положување цвеќе и оддавање почит на настраданите граѓани пред Тунелот Добриња-Бутмир во Сараево, одбележана брше 29 годишнина од ископувањето и пуштањето во функција на „Тунелот на спасот“.
Пред речиси три децении, под потполна блокада на градот и недостаток на материјални средства, цивилната заштита и припадниците на Армијата на Република Босна и Херцеговина, почнаа со испокување на тунел, кој по подземен пат под аеродромска писта ги поврза Добриња и Бутмир, двете територии во Сараево кои беа под контрола на Армијата на Република Босна и Херцеговина.
Со тоа, како што сведоци на тоа време велат, остварени се два стратешки цели. Првиот бил тој Сараево, кое било под потполна опсада на агресорските сили, конечно можело да биде снабдувано со намирници, стоки и оружје, а другиот е осигурување на поминување на единиците од градот под опсада кон Игман, кој бил под силни напади.
Измешани емоции
Во организација на Фондот Меморијал, а во рамките на манифестацијата „Одбрана на Босна и Херцеговина - Игман 2022“ во Бутмир денес е организирана пригодна програма по повод 29 годишнина од ископувањето на тунелот.
Министерот за боречки прашања на Кантонот Сараево Омер Османовиќ рече пред новинарите како културата на сеќавање е многу важна.
„Мораме да им пренесуваме на новите генерации што правевме во одбранбено-ослободителната војна и на кој начин се боревме. Сараево повторно почна да дише со ископувањето на тунелот Д-Б. Емоциите денес се измешани, има и среќа и тага. Кога го копавме тунелот, знаевме дека ќе победиме. Тоа значеше победа, не само на Сараево, туку на целата Босна и Херцеговина“, рече Османовиќ.
Многу тешки времиња за луѓето
Пензионираниот генерал на Армијата на Република Босна и Херцеговина и идејниот творец на тунелот Рашид Зорлак рече дека овој објект е парадигма на голготата низ која поминале граѓаните на БиХ.
„Тоа беа многу тешки времиња. Луѓето кои ја преживеаа таа голгота знаат што значеше тунелот во текот на војната. Мојата желба е преку историјата овој објект да е посетува, да служи како опомена на помладите генерации, за да тие не копаат тунели како што тоа го правеше нашата генерација“, рече Зорлак и додаде:
„Тој (тунелот) ја одигра значајната улога во текот на војната.“
На одбележувањето на 29 годишнина од ископувањето на тунелот присуствуваше и Неџад Бранковиќ, проектант и координатор на работите на „Тунелот на спасот“.
Тој рече дека е убаво секоја година да се дојде на ова место и да се видат луѓето кои учествувале на овој голем и значаен проект.
Тунелот е долг речиси 800 метри со просечна висина од 1,6 метри и ширина од еден метар. Ископувањето започна на 29 јануари 1993 година и ги поврзува населбите Добриња и Бутмир. Го градеше Армијата на Република на Босна и Херцеговина и цивилната заштита, а за таа макотрпна работа од две страни беа ангажирани околу 300 луѓе. Се работеше 24 часа во три смени. Тунелот е ископан на 30 јули 1993 година.
Во текот на повеќе од две години беше пат по кој дневно поминуваа повеќе илјади луѓе, големи количини на намирници, сток ии сето она што е потребно за преживување на жителите на босанско-херцеговската престолнина во воено опкружување.
Со оглед дека тунелот во 1996 година е претворен во музејски комплекс, секојдневно го посетуваат бројни туристички групи.