Обединетите нации (ОН) процениле дека шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија) ќе имаат приближно три милиони жители помалку во 2050 година отколку денес.
Се наведува дека во апсолутна бројка најголема загуба ќе има Србија, а процентуално Босна и Херцеговина и Албанија.
Наместо минатогодишните 16.977.000, Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000 жители, проценуваат Обединетите нации. Србија, која лани имаше 6.788.000 жители, во 2050 година ќе има 5.554.000, односно приближно 1,2 милиони жители помалку. Доколку таа проценка се оствари, тоа би било пад од 18,2 отсто.
Најмал пад на населението во Косово Бројот на населението во Босна и Херцеговина ќе се намали од 3.194.000 на 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е намалување на бројот на жители за една петтина (20).
Северна Македонија наместо 1.836.000 ќе има 1.519.000 жители (намалување за 17,3 отсто), додека Црна Гора наместо 628.000 ќе има 535.000 жители, односно 14,8 отсто помалку жители.
Според проценките на ОН, Косово ќе забележи најмало намалување, од 1.709.000 на 1.647.000 или само 3,6 отсто.