Со свечена церемонија за пречек започна осмиот заедничка седница помеѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Албанија, со кои претседаваат Албин Курти и Еди Рама.
Премиерот Курти и Рама продефилираа на црвениот тепих пред свечената гарда на Косовските безбедносни сили.
На отворањето на пленарната седница на двете влади зборуваа премиерите Курти и Рама.
Косовскиот премиер Курти во воведниот говор рече дека договорите на двете влади се тука за да го олеснат животот на граѓаните од двете страни на границата и дека договорите што денеска ќе бидат потпишани дополнително ќе влијаат на продлабочување на соработката.
„Оваа осма седница на нашите две влади доаѓа по шест месеци. За овие шест месеци сите договори се реализирани, освен еден кој наскоро ќе стапи на сила. Олеснувањето на добивање дозвола за престој и признавање на дипломите. Работиме на реализација на сите договори и од 127, 75 се реализирани“, нагласи Курти.
Албанскиот премиер Еди Рама рече дека кога почнале состаноците на двете влади, обемот на трговската размена на двете земји бил 160 милиони евра годишно, додека во 2021 година достигнал 433 милиони евра.
„Денеска во Албанија се регистрирани 1.225 стопански субјекти од Косово. Од тие 1.081 сто проценти се во сопственост на локални субјекти, додека 145 се партнерски со оние во Албанија. Инвестициите на Косово во Албанија во 2017 година беа 9 милиони евра, додека во 2021 година беа 139 милиони евра“, истакна Рама.
Понатаму, како што е најавено, ќе биде одржана презентација за националното пристаниште и железничката инфраструктура во функција на заедничкиот национален пазар, со учество на Курти и Рама: проект за нови трговски пристаништа во Порто Роман, интеграција со железничката пруга помеѓу Драч, Приштина и Сува Лука во Косово.
Потоа ќе следува церемонија за потпишување меѓународни договори.
Првиот заеднички состанок на владите на Косово и Албанија е одржан во 2014 година.