Фарук Фатих Озер утре ќе биде екстрадиран во Туркије.  / Photo: AA

Основачот на платформата за криптовалути „Тодекс“, Фарук Фатих Озер, за кого е донесена одлука за екстрадиција од Албанија во Туркије, утре ќе биде испорачан во Туркије.

Според информациите што Анадолу ги доби од турското Министерство за правда, процесот против Озер, кој беше баран со црвена потерница од Туркије и прогласен за меѓународено барано лице за извршени кривични дела „измама со употреба на технолошки системи, банки или кредитни институции како средство и формирање организација со цел извршување кривично дело“, дошол во завршна фаза.

На барање на Министерството за правда на Туркије, Озер беше привремено приведен во Албанија, каде што беше фатен откако побегна од Туркије. Генералниот директорат за надворешни односи и ЕУ при турското Министерство за правда побара екстрадиција на Озер.

Исто така, турскиот министер за правда Бекир Боздаг во телефонски разговор со својот албански колега Улси Мања се осврна на прашањето за екстрадиција.

Откако високите судови ја одобрија одлуката на албанските правосудни органи за „екстрадирање на Озер во Туркије“, започна акција за негово испорачување во Туркије.

Неодамна, Врховниот суд на Албанија одлучи да не ја прифати жалбата поднесена од основачот на платформата „Тодекс“, Озер, кој ја оспори одлуката со која се дозволува негова екстрадиција во Туркије.

Фарук Фатих Озер утре ќе биде екстрадиран во Туркије.

- Случајот против Фарук Фатих Озер -

Озер, кој се бараше со црвена потерница од Туркије и беше прогласен за меѓународно барано лице, беше приведен на 30 август минатата година во Албанија и се товари за кривични дела „формирање криминална организација“ и „измама со тешки последици“.

Турското обвинителство на 22 април 2021 година официјално ја започна истрагата по жалбите на корисниците дека немале пристап до сметките на берзата за криптовалути „Тодекс“ и дека сопственикот на компанијата ја напуштил земјата.

Потоа беше потврдено дека осомничениот сопственик на компанијата, Фарук Фатих Озер, ја напуштил земјата на 20 април 2021 година.

Турските надлежни органи издадоа наредба за приведување за многу осомничени, меѓу кои и за Озер, по кого претходно беше распишана потерница.

На 23 април 2021 година црвена потерница за Озер издаде и Интерпол.

AA
Популарни