Основниот суд во Елбасан одлучи да дозволи екстрадиција на основачот на платформата „Тодекс“, Фарук Фатих Озер

Основниот суд во Елбасан одлучи да дозволи екстрадиција на основачот на платформата „Тодекс“, Фарук Фатих Озер во Туркије. Одлука може да се обжали.

Читајќи ја одлуката на крајот на денешната седница на која не присуствуваше Озер, судијата на случајот, Елис Дине, рече дека судот одлучил да го прифати барањето на Обвинителството во Елбасан да дозволи екстрадиција во Туркије на турскиот државјанин Озер.

„На крајот од судењето за овој случај, судот одлучи да го прифати барањето и да дозволи екстрадиција од Република Албанија во Република Туркије на турскиот државјанин Фарук Фатих Озер. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Апелациониот суд Драч во рок од 15 дена, рок кој почнува од наредниот ден од објавувањето на одлуката“, рече Дине.

Потсетуваме, Обвинителството на Елбасан до Основниот суд во Елбасан го поднесе барањето за екстрадиција во Туркије на турскиот државјанин Озер.

Во моментов Озер е во безбедносна мерка и се наоѓа во затвор во Албанија, додека се води судскиот процес во прв степен поврзан со неговата екстрадиција.

AA
Популарни