Во февруари, албанскиот парламент одобри договор земјата да прифати илјадници баратели на азил кои патуваа во Италија / Photo: Reuters

Осум лица, од кои седум мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога автомобилот во кој се возеле паднал во реката Вјоса од висина од 100 метри, соопшти полицијата.

Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет каде се случила несреќата, пренесува Албаниа пост.

Порталот наведува дека има индиции дека возилото кое го управувал возач Албанец и превезувало седум илегални мигранти било бркано од полицијата.

Возачот изгубил контрола и паднал во реката Вјоса на околу 240 километри од главниот град Тирана. Несреќата се случила околу 4 часот утринава. Седум жртви се осомничени дека се од трети земји, опис што полицијата често го користи за мигранти.

Албанија не е примарна рута за мигрантите, но ја користат мали групи од арапски или азиски земји за да стигнат до Италија по море или до други соседни земји по копно.

Во 2019 година, Албанија стана првата земја која не е членка на ЕУ, која има офицери на Фронтекс да управуваат со нејзините јужни и источни граници, кои вообичаено ги минуваат мигрантите.

Во февруари, албанскиот парламент одобри договор земјата да приведе илјадници баратели на азил кои патуваа во Италија.

TRT Balkan / агенции
Популарни