Пахор: Словенија ѝ придава голема важност на Туркије     Фото: АА

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека Словенија со Туркије пред 11 години потпишала документ за стратешкото партнерство и дека тоа е јасен показател колкава важност неговата земја ѝ придава на Туркије.

Пахор престојува во посета на Туркије, а во главниот град Анкара присуствуваше на турско-словенечката тркалезна маса. Покрај Пахор, присуствуваше и министерот за економија, развој и технологија, Матјаз Хан и деловни луѓе од двете земји.

Зборувајќи на отворањето на собирот, Пахор рече дека во посета на Туркије дошол со делегација на претставници од деловниот свет за да се развиваат трговските односи помеѓу двете земји и да се зголемува соработката.

Потсети дека пред 11 години е потпишан документот за стратешкото партнерство помеѓу Туркије и Словенија: „Словенија не потпиша многу такви договори. Тоа укажува на важноста која Словенија ја придава на Туркије“, рече Пахор.

Словенечкиот претседател Борут Пахор во Анкара присуствуваше на турско-словенечката тркалезна маса.     Фото:  AA

Истакна дека обемот на трговската размена помеѓу Словенија и Туркије надмина милијарда евра.

„Во Словенија постои голем потенцијал за странски инвеститори. Турските компании водат два големи инфраструктурни проекти во Словенија. Еден од нив е Копарскиот Тунел. Овој проект особено е важен во смисла на поврзување на северниот Јадран со Европа“, рече Пахор.

Тој наведе дека важноста на енергетската и прехранбената безбедност пораснала поради војната во Украина, пандемијата на Ковид-19 и глобалните климатски промени.

„Развивањето на меѓусебната политичка и економска соработка никогаш не било толку поважно. Овој собир ќе биде одлична можност за зајакнување на меѓусебната доверба и синергија“, рече Пахор.

Пахор во рамките на посетата на Туркије денеска ќе се состане со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

AA
Популарни