Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска распиша редовни парламентарни избори за 9 февруари следната година.
Османи со указ и наложи на Централната изборна комисија да ги преземе сите неопходни активности за организација и одржување на изборите.
Движењето „Самоопределување“, на чело со актуелниот премиер на Косово, Албин Курти, официјално побара од претседателката на Косово да се одржат избори на 2 февруари 2025 година. Курти не присуствуваше на средбата организирана од Османи со лидерите на политичките партии на 31 јули, па предлогот на неговата партија подоцна беше проследен до Османи.
На средбата со претседателката, три опозициски партии, Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово, предложија го предложија 26 јануари како прв законски датум за одржување на регуларни избори.
Законските опции беа датуми помеѓу 26 јануари и 16 февруари 2025 година.
Последните парламентарни избори се одржаа на 14 февруари 2021 година, кога Движењето Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.