Изборите стигнаа до четврти круг откако ниту еден кандидат не ги обезбеди потребните гласови во почетните три круга, а во четвртиот Тасулас обезбеди 160 гласа, надминувајќи го потребниот праг од 151 глас / Photo: AA

Константинос Тасулас во средата беше избран за нов претседател на Грција во четвртиот круг гласање во парламентот на земјата.

Грчкиот парламент го одржа четвртиот круг на гласање за одредување на наследникот на претседателката Катерина Сакеларопулу, чиј мандат истекува во март, објави грчкиот весник „Товима“.

Тасулас, кандидатот на владејачката партија Нова демократија, се натпреваруваше со кандидатот на Панхеленското социјалистичко движење (ПАСОК), Тасос Јаницис, кандидатот на Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА), Лука Кацели, и кандидатот на Партијата на победата, Костас Киријаку.

Од 300-члениот парламент, во гласањето учествуваа 276 пратеници. Тасулас обезбеди 160 гласа, надминувајќи го потребниот праг од 151 глас во четвртиот круг.

Јаницис доби 34 гласа, Кацели 29 и Кирјаку 14, додека 39 пратеници беа воздржани. Откако победи на изборите, Тасулас треба да положи заклетва на 13 март, наследувајќи ја Сакеларопулу.

Изборите стигнаа до четврти круг откако ниту еден кандидат не ги обезбеди потребните гласови во почетните три круга.

Откако беше номиниран за претседател од страна на премиерот Киријакос Мицотакис, Тасулас мораше да се повлече од функцијата претседател на парламентот.

Во Грција, претседателот има главно церемонијална улога.

TRT Balkan / агенции
Популарни