По падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, Министерството за внатрешни работи на Словенија одлучи да ги засили контролите на границата со Хрватска и Унгарија, како и во внатрешноста на Словенија.
Министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар рече дека поради тоа треба да се очекува подолго чекање при влез во Словенија, особено за претстојните празници.
Во првите единаесет месеци од годинава, полицијата обработила 44.331 илегално преминување на државната граница, што е за речиси 11.000 или за една петтина помалку од лани во ова време. Сириските граѓани продолжуваат да доминираат меѓу мигрантите, кои се десет пати повеќе од минатата година и сочинуваат една третина од сите случаи.
Словенија од вчера ги продолжи пасошките контроли на внатрешните шенгенски граници со Хрватска и Унгарија и тие ќе важат до 21 јуни 2025 година.
Покрај Словенија и Италија, внатрешните граници на Шенген ги контролираат и Австрија, Германија, Данска, Франција, Италија, Норвешка и Шведска, меѓу другите.