Починатата пациентка е 15-та жртва на несрежата во Нови Сад од 1.ноември кога се урна натстрешницата на железничката станица / Photo: AA

Еден од тројцата пациенти тешко повредени од уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина вчера во Клиничкиот центар во Војводина, изјави в.д. директор на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.

„Се работи за пациентка со најтешки повреди. Таа е петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај борбата и напорите на лекарите, таа почина“, рече Туркулов.

Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите продолжуваат да се борат за животот на другите двајца тешко повредени.

„Во името на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа се од себе“, подвлече Туркулов.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, кога 14 лица загинаа на самото место, а тројца беа тешко повредени.

TRT Balkan / агенции
Популарни