Подготовки за колективниот погреб на жртвите од геноцидот во Сребреница     Фото: АА

Во гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари започна копањето на гробовите во кои ќе бидат спуштени посмртните остатоци на 50 новоидентификувани жртви од геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина, а кои ќе бидат погребани на колективниот погреб на 11 јули оваа година.

Кенан Каравдиќ, помошник на директорот на ЈКП „Градски гробишта“- Високо, беше на гробиштата на Меморијалниот центар каде започна копањето на гробовите на жртвите од геноцидот извршен во летото во 1995 година на подрачјето на Сребреница.

„Ова јавно претпријатие од 2003 година е вклучено во организација на закопување и погреби на жртвите од геноцидот. Денес започнавме со копање на гробовите. Во Меморијалниот цетар постојат резервации за оние кои исчезнале. Се обидуваме да им излеземе в пресрет на семејствата, со тоа што ако некому се уште не му е пронајден брат, татко, да оставиме место. Ова година ќе има 50 гробови“, рече Каравдиќ.

Годинава е изменет терминот на поаѓање на ковчезите со посмртните остатоци на жртвите од Високо.

„Организацискиот одбор донесе одлука тоа оваа година да биде на 8 јули“, додаде Каравдиќ.


Годинава во гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари ќе бидат погребани 50 жртви од геноцидот над Бошњаците во 1995 година во Сребреница.


Највозрасната жртва чии посмртни остатоци ќе бидат закопани оваа година во гробиштата на Меморијалниот центар во Поточари е Хусеин Крџиќ, роден во 1936 година. Меѓу жртвите кои ќе бидат погребани се наоѓаат и тројца малолетници.

Се работи за момчиња кои имале само 16 и 17 години кога биле убиени. Ќе бидат погребани и близнаците Самир и Семир Хасановиќ, кои имаа само 20 години во моментот на смртта. Нивните посмртни остатоци се пронајдени во различни масовни гробници. Е бидат погребани и татко и син - Хајдин и Сеад Хукиќ. Ова е третиот син на Хајдин кој исчезнал. Двата сина претходно му се погребани, а по еден се уште се трага.

Во Подриње во идентификацискиот проект се наоѓаат посмртните остатоци на уште 31 жртва кои официјално се идентификувани и преку ДНК методата и од семејствата, но уште нема согласност за погребување на овие жртви.

Исто така, идентификувани се преку ДНК методата уште 61 жртва, но семејствата не пристапија кон официјална идентификација.

Ден по колективниот погреб, во Меморијалниот цетар ќе започне и процесот не реексхумација, и ќе бидат реексхумирани посмртните остатоци на 85 жртви за да на нивните претходно погребани тела им се додадат делови од скелетот кои во подоцнежниот период се пронајдени и идентификувани.

Во јули 1995 година единиците на тогашната Војска на Република Српска под команда на хашкиот осуденик Ратко Младиќ извршија геноцид врз Бошњаците во Сребреница, при што ја нападнаа „заштитената енклава на Обединетите нации“ во Сребреница.

Жртви на геноцидот беа 8.372 лица. Десетици илјади жени, деца и стари лица беа депортирани или беа принудени да побараат спас во околните шуми, барајќи го патот кон слободната територија.

AA
Популарни