Во напад на полициска единица на северот на Косово, полесно е повреден еден припадник на косовската полиција. Фото: Ројтерс архива

Во напад на полициска единица на северот на Косово, полесно е повреден еден припадник на косовската полиција.

Нападот се случил синоќа околу 23 часот во селото Србовац, општина Звечан, додека полициските единици биле на редовна служба, патрола, соопшти косовската полиција.

Се додава дека нападот го извршиле вооружени лица со долго оружје од сиво возило тип „Ауди“ со регистарски таблички КМ.

Како резултат на инцидентот полесно е повреден припадник на косовската полиција, а причинета е значителна материјална штета на полицискиот автомобил“, се наведува.

Надлежни полициски единици излегле на лице место за увид, додека повредениот полицаец бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар на Косово за укажување лекарска помош.

Нападот се случи истата вечер кога косовската полиција испрати полициско засилување на северот на Косово по неколку инциденти регистрирани во последните денови поради подготовките за одржување на вонредни избори во четири општини со мнозинско српско население, кои се закажани за 18 декември.

Вонредните избори за градоначалници на четири општини на северот на Косово, со мнозинско српско население: Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, беа распишани за 18 декември, откако српските претставници ги напуштија косовските институции, вклучително и полицијата и судството поради одлуката за регистарските таблички.

AA
Популарни