Во интервенцијата учествуваа 80 пожарникари       Фото: Ројтерс

Големиот пожар што избувна синоќа под Сочербо, во Приморскиот дел на Словенија, на границата со Италија е ставен под контрола. Противпожарните екипи остануваат на местото на пожарот.

Според надлежните противпожарни служби, пожарот синоќа избувнал под Сочербо во општина Копар во тешко пристапно подрачје на границата на Словенија и Италија. Во интервенцијата учествуваа 80 пожарникари кои изутрината го локализираа пожарот со помош на словенечки и италијански хеликоптери.

„Околу два часот по полноќ избувна пожар меѓу селата Осп и Пребенег на словенечко-италијанската граница. Во интервенцијата учествуваа околу 80 пожарникари, на кои од воздух им помогна хеликоптер на словенечката војска и италијански хеликоптер“, соопштија од Управата за заштита и спасување, од каде информираат дека нешто по осум часот повеќе не била потребна интервенција на италијанскиот хеликоптер.

Според првите неофицијални проценки, изгореле околу 10 хектари грмушка, а при пожарот не било загрозено ниту едно село. Пожарникарите и шумските полицајци остануваат на терен и го следат пожарот.

AA
Популарни