Претседателот Ердоган се сретна со албанскиот премиер Рама / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.

Продолжувајќи ги средбите во Тирана, главниот град на Албанија, каде престојува во официјална посета, претседателот Ердоган пристигна во Владата на Албанија по средбата што ја оствари со албанскиот претседател Бајрам Бегај.

Претседателот Ердоган беше пречекан од премиерот Еди Рама, а по фотографирањето оствари тет-а-тет средба со албанскиот премиер.

По состанокот зад затворени врати во зградата на Владата, Ердоган и Рама ќе претседаваат со Вториот состанок на Советот за соработка на високо ниво и ќе учествуваат на церемонијата за потпишување на договорите, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

AA
Популарни