Задолженоста на граѓаните од Западен Балкан се мери во милијарди евра / Photo: ТРТ Балкан

Станбени или потрошувачки кредити се двете категории на задолжувања кои граѓаните на земјите од регионот најчесто ги земаат од комерцијалните банки. ТРТ Балкан во продолжение ви ги презентира вкупните износи на кредитите кои граѓаните ги должат како и просечната задолженост на секој граѓанин според овој параметар.

Македонските граѓани должат над 3,2 милијарди евра

Според податоците на НБРСМ, на физичките лица во Република Северна Македонија само во декември минатата година по повеќе основи им биле одобрени кредити во износ од 207,2 милиони денари или околу 3,3 милиони евра. Се работи за најголем дел потрошувачки кредити (112 милиони денари или 1,8 милиони евра) и станбени кредити (79,5 милиони денари или околу 1,3 милиони евра). Доделените станбени кредити во 2022 пораснале за 12,7 отсто, а во декември за 1,2 отсто. Потрошувачките кредити во 2022 пораснале за 6,3 отсто, а во декември за 0,7 отсто.

Овие две категории се најзастапени и во вкупните кредити кои граѓаните ги имаат кон банките, а кои се проценети на над 3,2 милијарди евра. Тоа значи дека во просек секој граѓанин на Северна Македонија е задолжен со 1.700 евра.

Секој граѓанин на Србија должи по 1.800 евра

Статистичките податоци на Здружението на банки на Србија покажуваат дека секој граѓанин на оваа земја на крајот на минатата година во просек должел по 1.800 евра.

Според овие податоци граѓаните на Србија од банките позајмиле 12 милијарди евра, а стопанството околу 16 милијарди евра. Најголем пораст има кај готовинските кредити односно 330 милиони евра односно 6,2 отсто. Тие во вкупните кредити учествуваат со 46,6 отсто.

Граѓаните на БиХ должат 300 евра помалку

Граѓаните на Босна и Херцеговина на банките им должат 11 милијарди конвертибилни марки односно 5,5 милијарди евра. Според податоците од здруженијата на банки во БиХ секој полнолетен граѓанин должи повеќе од 3.000 конвертибилни марки односно 1.500 евра. Повеќе од половина милион граѓани на Босна и Херцеговина го користат дозволениот минус. Нивните депозити во банките изнесуваат 7 милијарди евра, од кои 5 милијарди евра се користат како кредит.

Црногорците со задолженост од 2.500 евра

Близу 150.000 граѓани на Црна Гора имаат кредити. Вкупното задолжување на граѓаните кај комерцијалните банки изнесува 1,5 милијарди евра. Тие изнесуваат 43,36 отсто од вкупните кредити во Црна Гора кои изнесуваат 3,4 милијарди евра. Имајќи ги предвид овие податоци за вкупна задолженост на граѓаните на Црна Гора од 1,5 милијарди евра, просечната задолженост во Црна Гора изнесува 2.500 евра.

Висока задолженост и на Косово

На интернет страницата на Централната банка на Косово можат да се најдат податоци за вкупно кредитирање и за кредитирање на граѓаните за широка потрошувачка. Последните податоци со кои излезе Централната банка на Косово говорат дека кредити во банките имаат 653.634 граѓани. Вкупната задолженост на граѓаните е над пет милијарди евра, Оттука произлегува дека по овој основ секој граѓанин на Косово во просек е задолжен со 2.659 евра.

И Албанија не отскокнува од просекот

Централната банка на Албанија презентира податоци со вкупно кредитирање на домаќинства за сите потреби на годишно ниво. Така на пример во првите три квартали од 2022 година на домаќинствата во Албанија им биле доделени над 715 милиони леки или околу 6 милиони евра кредити. Во 2021 пак биле исплатени на домаќинствата заеми од 7,3 милиони евра.

Но тоа се податоци за изминатите две години. Според достапните истражувања и податоци од www.ceicdata.com вкупнite вкупните заеми во Албанија на почетокоот на 2023 изнесуваат 6,6 милијарди евра или секој граѓанин просечно е задолжен со 2.357 евра.

TRT Balkan
Популарни