Работилница за дигитално новинарство на ТРТ и „Јунус Емре“ во Скопје / Photo: AA

Во организација на ТРТ и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје започна работилница за дигитално новинарство.

Оваа обука, што се одржува во рамки на проектот „Новинарство за млади“ (J4J - Journalism for Juniors), ќе трае до 1 февруари.

На обуката учествуваат ученици и студенти од различни градови на Северна Македонија.

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Серхат Кула, во изјава за медиумите истакна дека во рамки на овој проект, над 60 ученици и студенти се запознаваат со медиумскиот сектор.

Кула рече дека во овој проект има ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, „International Maarif Schools“ и студенти од Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), и дека на оваа обука на младите лица ќе им се пренесе искуството на истакнати вработени на ТРТ.

Тој рече дека преку проектите и соработката со ТРТ во регионот, една од нивните цели е човечкиот ресурс да го насочат кон медиумскиот сектор.

Од друга страна, Алпај Ари, проектен координатор на „J4J - Journalism for Juniors“, истакна дека под покровителство на ТРТ, во 2017 година ги започнале овие обуки низ светот под мотото „Секој има една приказна“.

Ари рече дека по барање на Институтот „Јунус Емре“ ќе се одржат предавања за различни теми од медиумскиот сектор за младите кои сакаат да ја работат оваа професија во Северна Македонија.

„Младите се возбудливи. Младите сакаат да направат важни чекори во овој сектор поради што постигнат е развој во медиумскиот сектор и во дигиталните медиуми“, додаде Ари.

Како што истакна, овие проекти ги реализирале и во мигрантските кампови, а овој проект го реализираат со цел да ги информираат луѓето за медиумскиот сектор и за фер новинарство.

Учесниците во оваа обука на крајот на проектот ќе се стекнат со сертификат, а во рамки на обуката ќе следат предавања на различни теми.

TRT Balkan / агенции
Популарни