Директорот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун     Фото: TRT Balkan

ТРТ Балкан е потполно нова иницијатива која ја покрена Турската радио-телевизија ТРТ. Оваа платформа ќе биде дом на врвното новинарство, кое на најдобар начин го разбира Балканот и придонесува за запознавање на овој регион ширум светот.

Дигиталната платформа за вести ќе произведува содржини на македонски, албански, босански, хрватски и спрски јазик (БХС) и ќе допре до речиси 30 милиони гледачи на Балканот и дијаспора.

Иновативниот и професионален новинарски пристап ќе го збогатат дигитален сајт, но и социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук, Твитер, Јујтјуб и ТикТок. Ќе се покриваат политички, општествени, културни и економски теми во чиј фокус е човекот, од редакциите сместени во Скопје и Сараево.

Дигиталната платформа официјално е претставена во Анкара, пред високи функционери и бројни гости ширум светот.

Шентоп: ТРТ Балкан ќе ги зајакне истористите врски на Туркије и Балканот

Претседателот на Големото народно Собрание на Република Туркије Мустафа Шентоп изјави дека е почестен со овој настан со кој на ТРТ, турската гордост на радио-телевизиското емитување, му се придружува нов член - ТРТ Балкан.

„ТРТ Балкан ќе ги пренесува своите содржини на Балканот, другата половина од нашите срца, во седум балкански змеји, на пет различни јазици. Нашиот ТРТ, кој во 2009 година почна со емитување на каналите „TRT Avaz“ и „TRT Kurdi“, „TRT Arabi“ во 2010 година и „TRT World“ во 2017 година, вклучува и емитување на платформата ТРТ Балкан. Го молам семоќниот Бог, ТРТ Балкан да биде корисен и добар за нашата земја и за нашите браќа и сестри на Балканот“, рече Шентоп.

Претседателот на Големото народно Собрание на Република Туркије, Мустафа Шентоп     Фото: TRT Balkan

Алтун: ТРТ Балкан ќе придонесува за регионалниот и глобалниот мир

Директорот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, рече дека исклучително е среќен што гледа дека ТРТ во својата работа ги застапува трите основни принципи, а тоа се: постојано обновување и развој, силно институционално структурирање и визионерски раст.

„Овој проект е пример на овие принципи. ТРТ ваквиот пристап го застапува на национално, но и на меѓународно поле. Горди сме што гледаме дека меѓународните платформи и канали на ТРТ се сѐ посилни и повлијателни. Денес сведочиме на историски момент. „TRT Arabi“ започна со работа во 2010 година, „TRT World“ во 2015 година, а потоа се нижеа платформите на ТРТ на руски, германски и француски јазик. Денес на тоа семејство му пристапува и ТРТ Балкан. ТРТ денес емитува содржини на 41 јазик ширум светот“, рече Алтун.

Истакнувајќи дека ТРТ на Балканот ќе биде многу активен и со посредство на социјалните мрежи, Алтун рече дека тоа е важно за стигнување до што поголем број луѓе, но и за креирање алтернатива на едностраното и униполарно медиумско делување на компаниите на социјалните мрежи.

ТРТ Балкан е нов член на сѐ посилната меѓународна мрежа на ТРТ

ТРТ Балкан ќе донесе нов, непристрасен и моќен глас на балканскиот медиумски простор, порача Мехмет Захид Собачи, генералниот директор на ТРТ.

Генералниот директор на ТРТ Собачи, во обраќањето до присутните истакна дека ТРТ Балкан е нов член на семејството кое го сочинуваат престижни медиумски канали како што се „TRT World“ „TRT Arabi“, „VOT radio“, како и каналите на ТРТ на руски, германски и француски јазик.

Генерален директор на ТРТ, Мехмет Захид Собачи     Фото: TRT Balkan

„Во оваа пригода сакам да кажам неколку реченици за областа на меѓународните медиуми и радиодифузијата. Со години ова поле беше осудено на процес во кој и тезата и антитезата се отсечени од ист извор. Меѓутоа, добро знаеме дека на светот му е потреба полифонија, различни перспективи и оригинални приказни. „TRT World“, кој со работа започна во таков свет во кој меѓународното новинарство е монополизирано од страна на мала група, внесе нов здив на теренот, го кажа некажаното и стана глас на оние чиј глас не се слушаше“, рече Собачи.

Тој нагласи дека ТРТ во медиумскиот простор внесува контекст и инклузивност на вистински новинарски начин и дека по природа стои на страна на игнорираните и оди на местата на кои никој не оди.

Институцијата со седиште во Анкара веќе има пет различни меѓународни извори: ТРТ Ворлд (TRT World), ТРТ Арапски (TRT Arabi), ТРТ Руски (TRT Russian), ТРТ Германски (TRT Deutsch) и ТРТ Француски (TRT Francais).

Основана во 1964 година, турската медиумска организација продолжи да станува главен меѓународен радиодифузер од 2016 година, кога го лансираше својот сервис на англиски јазик, „TRT World“.

TRT Balkan
Популарни