ТРТ Балкан две години со вас

Балканската дигитална информативна платформа ТРТ Балкан одбележува две години објективно известување, точна, навремена и посветена новинарска работа во земјите од регионот.

ТРТ Балкан, проект во рамките на Турската радио и телевизија (ТРТ), ја следи и ja информира јавноста за најважните актуелни регионални и светски настани и носи приказни од агли кои даваат нова перспектива.

Станува збор за настани кои оставаат печат во историјата, а со отпечатоци започнуваат приказнитe кои стануваат секојдневие.

Од теренот носиме регионални и светски приказни на допир на прст, преобликувајќи ги искуствата на публиката и дигитализирајќи го зборот на три балкански канали на ТРТ, БХСЦ, македонски и албански, во сите достапни формати на различни дигитални платформи.

Повеќејазичното емитување е најважната карактеристика што ја одвојува ТРТ Балкан од другите медиумски институции, овозможувајќи локалните прашања да се донесат на глобално ниво, а во исто време правилно и едноставно да се пренесат глобалните теми до локалното население.

Така стекнавме доверба. Со голем број нови следбеници и реакции, нашата платформа стана енергична средина на активизам и поврзување.

Само во изминатата година ТРТ Балкан доби повеќе од 600.000 нови следбеници. Содржините беа прегледани речиси половина милијарда пати, што предизвика повеќе од 15 милиони реакции. Поддршката од публиката ги инспирираше вредните членови на тимот на ТРТ Балкан да работат уште поодлучно.

Бидејќи ТРТ Балкан без двоумење ги презентира проблемите на сите народи кои живеат во регионот, известувавме за политика, економија, култура, животна средина, ги донесовме животните приказни на поединци и направивме ексклузивни интервјуа - да разбереме кој, кога, каде и зошто, да ја видите пошироката слика.

TRT Balkan
Популарни