Радев го распушти бугарското Собрание: Парламентарни избори на 2 април

Радев го распушти бугарското Собрание: Парламентарни избори на 2 април

Бугарија по петти пат ќе оди на предвремени парламентарни избори во последните две години
Претседателот Румен Радев го рапушти бугарското Народно Собрание / Photo: AA

Претседателот на Бугарија Румен Радев го потпиша указот за распуштање на 48 состав на бугарското Народно Собрание и ги закажа парламентарните избори за 2 април годинава.

Со друг указ е именувана нова техничка влада со која од утре ќе ја предводи Галаб Донев.

Ова ќе бидат петти предвремени парламентарни избори во Бугарија во последните две години. По последните избори во октомври минатата година политичките партии како и неколкупати претходно не успеаја да се договорат за формирање коалициска влада.

TRT Balkan / агенции
Популарни