Албанскиот премиер смета дека победата на Трамп може да биде корисна за Европа / Photo: AA

Албанскиот премиер Еди Рама денеска пред Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта изјави дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД може да биде од корист за Европа.

„Моето искуство е дека кога беше претседател, сите велеа дека НАТО ќе стане послаб -- НАТО стана посилен. Значи, ајде да гледаме и да не бидеме хистерични без да ја видиме вистината. САД се САД. Мислам дека тоа нема нужно ќе биде лоша работа за Европа, тоа би можело да биде многу добро за Европа“, рече Рама.

Премиерот на Албанија најави дека самитот на Европската политичка заедница ќе се одржи во првата половина на следната година во Тирана.

„Прашањето за климатските промени е присутно насекаде и се разбира, тоа е на врвот на приоритетите на европските земји, но има и други прашања за кои треба да се разговара. Многу сме горди што имаме можност да бидеме домаќини на овој состанок”, рече Рама.

Европските лидери присуствуваат на петтиот самит на ЕПС во Будимпешта за да разговараат за глобалните прашања, вклучувајќи ги Украина и Блискиот Исток.

TRT Balkan / агенции
Популарни