Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1.919.695, од кои од резиденцијалните 679.245 се при-пеид претплатници, а 992.157 пост-пеид, покажуваат податоците на македонската Агенција за електронски комуникаци (АЕК).
Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248.293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор.
Податоците од Извештајот на Агенцијата за електронски комуникаци покажуваат дека со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во вториот квартал годинава биле 1.549.967 претплатници.
Вкупниот број на фиксни линии изнесува 449.868, а остварени се 16.943.729 минути телефонски сообраќај.
TRT Balkan / агенции