Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, повторно е на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“.
Сараево моментално е трето на листата на најзагадени градови, а квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „многу нездрав“, со индекс на квалитет 218.
На врвот на листата е Њу Делхи (Индија), чиј индекс на квалитет е 321, додека втора е Дака (Бангладеш) со индекс 240.
Швајцарскиот „IQAir“ има повеќе од 10.000 мерни станици ширум светот и го покажува квалитетот на воздухот ширум светот.
Во текот на зимската сезона во Сараево и некои градови во БиХ, дозволената концентрација на лебдечки честички се надминува речиси секој ден, а најголеми причинители за загадувањето се фабриките, сообраќајот, согорувањето на отпадот и индивидуалните камини.